Здружението на воените инвалиди од 2001 од Велес бара Ќосето да се постави во градот

by Fokus

Здружението на воените инвалиди од 2001 од Велес денеска со писмено соопштение до медиумите информира дека донело одлука да се најде решение за споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.

Како што нагласува Стојче Гочевски претседателот на ова здружение, за оваа цел тие планираат да се обратат до Советот на општина Велес да им помогне овој споменик да се донесе во Велес и да се постави на соодветно место.

„Тоа е револуционер кој и бил многу потребен за Македонија за зголемување на борбениот дух кај народот против Османлиите и предавниците кои зеле огромен замав против водачите на организацијата за ослободување на Македонија во тоа време. Нашата идеја е да дадеме иницијатива до Советот на Општина Велес да го побараат споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето да се донесе и постави во родниот град Велес, како што доликува за еден бестрашен лик, на еден револуционер кој го заштитувал народот ништејќи ги предавниците на водачите на организацијата за време на Османлиското ропство. За него има многу да се раскажува бидејќи бил храбар револуционер и заштитник на народот“, потенцира Гочевски во своето писмено обраќање до медиумите.

МИА

Поврзани новости