Здружението на воени ветерани ,,Братство”, кое се оформи минатата година и во кое членуваат припадници на безбедносните сили, АРМ, МВР, учесници во случувањата од кобната 2001 година, кои беа дел од одбраната на Македонија, одбележа една година од постоењето. Членови на здружението за „Фокус”“велат дека „Братство“ е формирано со цел да се слушне гласот на бранителите, и во него членувале над 5.000 лица.
-На ден 22.11.2021 година се оформи здружението на воени ветерани- „Братство“. Истото е формирано од припадници на безбедносните сили, АРМ, МВР, учесници во кобната 2001 година, коишто учествуваа во одбрана на Р. Македонија. Ова здружение се оформи за да се чуе гласот на бранителите, и секој бранител кој што бил на военото поле да добие права како што му следуваат.
„Братство“ е здружение кое работи само за интересите на бранителите и се бори да тие права како што се впишани во законот бидат добиени, а не како што се до ден денес тргнати на страна и институциите се глуви за нив. Се надеваме дека со добрата работа која што ја работиме до ден денешен, еден ден ќе ни се исплати, само за доброто на бранителите, и да бидат уживани тие права. Здружението брои околу пет ипол илјади членови и поддржувачи, се надеваме дека институциите ќе го слушнат нашиот глас и ќе придонесат за доброто на овие луѓе – изјавија од „Братство“.
Вики Клинчарова