Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.
Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.
Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните, едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус, стои во соопштението.