Здружението на обвинители контра Јовески: Намалувањето на минималец е правно дискутабилно

by Frosina Fakova

По Здружението на судиите, писмо до министерката за правда, Рената Дескоска испрати Здружението на јавни обвинители, кое напроти ставот на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески е на став дека нивното намалување на платите на минималец за два месеца e правно дискутабилно.

-Според наше мислење, наведената Уредба со законска сила од правен аспект е дискутабилна затоа што со Законот за јавно обвинителство намалување на плата на јавен обвинител , согласно чл.73 е возможмо само како дисциплинска мерка по спроведена дисциплинска постапка. Меѓутоа , наведената Уредба со законска сила е донесена како резултат на една од мерките за справување со пандемијата со вирусот COVID-19 и прогласување на вонредна состојба во нашата држава . Согласно член 3 од оваа Уредба , за месеците април и мај 2020 година на јавните обвинители им се исплатува плата во висина на минималната плата утврдена за месец декември во 2019 година во Република Северна Македонија во износ од 14.500,оо денари. Во член 52 став 4 од Законот за јавното обвинителство (Сл.Весник бр.150/2007) е пропишано , дека платите на јавниот обвинител за време на траење на функцијата на јавен обвинител не смее да се намали, освен во случаи определени со Закон, објаснуваат обвинителите во писмото, чиј претседател е обвинителот Тодор Витларов.

Тие во писмото, порачуваат дека се свесни дека оваа пандемија ќе ги погоди економски, сите институции и се „за“ нивно намалување на платите, но не на минималец.

-Намалувањето на платите на јавните обвинители е нужно заради распоредување на товарот на сите институции. Од негативните економски импликации кои ги има борбата против оваа панедемија за домашната и светската економија. Меѓутоа, почитувана министерке, сметаме дека износот на платите на јавните обвинители не би требало да изнесува во висина на минимална исплатена плата од месец декември 2019 година од 14.500 денари, се вели во писмото.

Тие ја потсетуваат Дескоска дека нивната работа не само што не е намалена, туку сега тие имаат повеќе работа и сега приоритет им даваат на кривичните пријави кои се однесуваат на прекршувањето на мерките и кои се против здравјето на луѓето.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески вчера пак во изјава за Фокус порача дека во ваков момент сите треба да бидат солидарни.

-Мој личен став е дека во ова време на вонредна состојба не е од суштествено значење дали платите на јавните обвинители и на судиите се намалени согласно или спротивно на Закон. Најважно е да покажеме сите солидарност и да имаме предвид дека стопанските организации подолго време не можат да ја извршуваат својата дејност, рече Јовески за Фокус.

Поврзани новости