Здружението на обвинители беше против минималец, а сега бара членовите да донираат пари

by Фокус

Здружението на јавни обвинители ги повикува обвинителите да донираат дел од своите плати во солидарниот фонд за борба против Ковид 19.

„За прв пат во нашата држава е прогласена вонредна состојба, како резултат на пандемија од вирусот Ковид 19, од страна на Светската здравствена организација. Ваквата состојба негативно се одрази на целокупната светска економија. Негативните последици се особено врз земјите во развој каква што е нашата држава. Заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за справување со оваа пандемија, Владата формира „Солидарен фонд за борба против Ковид 19. Од овие причини Ви препорачуваме како носители на една од најодговорните функции во нашата држава на дело да ја покажеме нашата солидарноста. Да донираме средства од нашите плати во овој фонд“, гласи препораката на Здружението.

Инаку, ова здружение првично се спротивстави на владината мерка за минимална плата за носителите на јавни функции, меѓу кои спаѓаат и обвинителите, но сега, откако Уставниот суд одлучи дека владата не може да донесе ваква мерка, бараат обвинителите да донираат дел од платата.

Поврзани новости