Здружението на акционери на Топлификација ќе ја информира Енергетската заедница во Виена за државната помош за ТЕТО

by fokus

Енергетската заедница со соопштение на својата интернет страница од 7 февруари информира за прелиминарни проценки од Студија преку кој се истражувани и анализирани одделни “директни и скриени“ државни субвенции во енергетскиот сектор, информираат од Здружението на акционери на Топлификација за Фокус.

Прва цел на анализа во оваа студија се субвенциите во енергетскиот сектор  поврзан со користење на јаглен во термоцентралите.

Секретаријатот на Енергетската заедница во информацијата открива дека на Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Украина им наложил мерките кои ги преземаат да бидат целосно ускладени со правните норми кои ја регулираат оваа област.

Меѓу страните кои се известени за државни субвенции во енергетскиот сектор е и Главната управа на Европската комисија за конкурентност.

Секретаријатот на енергетската заедница потенцира дека: Забранета е било каква државна помош што ја нарушува конкуренцијата или и се заканува, која им помага на одредени активности или фаворизира одредени енергетски ресурси. Поради фактот што државната помош може да ја наруши конкуренцијата и влијае на преку граничното тргување со енергенти, контролирањето на помошта која ја одобруваат јавните институции е од клучно значење за воспоставување на регионален енергетски пазар.

Здружението на акционери на Топлификација АД има информации дека за сличен случај на доделување на државна помош на енергетска компанија Енергетската заедница веќе отворила случај за властите во соседна држава.

– До овој момент ниту една државна институција која согласно своите надлежности била вклучена во донесувањето на одлуката за доделување на државна помош на фирмата ТЕ-ТО, нема јавна информација за причините поради кои таа институција сметала дека треба да се додели државна помош на фирма која е учесник на регионалните пазари на електрична енергија и на природен гас.  Имајќи ја во предвид ваквата состојба Здружението нема друга можност за делување во државата и поради тоа целокупната документација поврзана со доделената државна помош, ќе ја достави до Енергетската заедница во Виена – информираат од Топлификација.

Поврзани новости