457
Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје како Здружение на граѓани кое се залага и бори за зачувување и унапредување на животната средина бара итгна и неотповиклива оставка од министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.
„Последната изјава на министерот Дураку дека тој “не се занимава со граѓаните” кои решиле да тужат поради загадениот воздух, е само последната капка која ја прели чашата. Ноторен факт е дека именуваниуот министер е исклучително пасивен во својот ресор и граѓаните често погрешно мислат дека министер е Јани Макрадули(заменик министер) а не Садула Дураку.
На граѓаните и на нам како зелено здружение ни е потполно нејасно која е улогата на овој човек(сем бенефиции како министер) ниту пак можеме да го видиме неговиот особен допринос во заштита и унапредување на животната средина.
Ова не е прв пат да посочениот министер се однесува комплетно игноратнтно кон Здруженијата на граѓани кои се занимаваат со она што всушност самиот тој треба да се занимава.
Поради тоа, и поради фактот да за речиси година и половина како министер нема преземено никакви мерки во насока на заштита на животната средина, во услови кога целата држава с егуши од загадениот воздух а ресорниот министер “не се занимава со граѓаните” бараме итна и неотповиклива ОСТАВКА на министерот Садула Дураку.
Доколку тој самиот не си даде оставка инсистираме на тоа да биде разрешен.Сметаме дека нашата Република има видено и повеже од доволно функционери кои се непосветени на работата и не се достојни за функцијата на која се именувани. Оставка веднаш“, велат од „Билка“