Здружение на потрошувачите „Ефектива“ повика во петок на бојкот на маркетите во Србија

by Fokus

Српското здружение за заштита на потрошувачите „Ефектива“ ги повика денеска сите граѓани да ги бојкотираат големите трговски ланци во петок, 31 јануари.

Како што напишаа во својот повик на платформата Х, откако ги анализирале предлозите и сугестиите на потрошувачите се одлучиле на повик за бојкот, затоа што цените во Србија се меѓу највисоките во Европа.

Нивниот повик упатува на бојкотирање на големите трговски ланци во Србија како што се Delhaize, кој ги вклучува „Maxi“ и „Shop&Go“, потоа Mercator, кој ги вклучува „Idea“ и „Roda“, како и „DIS“, „Lidl“ и „Univerexport“.

Поврзани новости