Здравствените работници од Клинички центар добиле гаранција од Заев за поголеми плати

by fokus

Добивме сигурни гаранции од премиерот дека завршно со првиот квартал доколку овие трендови во економијата продолжат дека дел од тоа ќе оди за зголемување на платите на здравствените работници, изјави денеска претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар, Горан Беговиќ по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека разговорите ќе продолжат.

Заедно со претставници од Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување, потенцира, ќе се најде решение да се намали револтот кај здравствените работници.

– Кога ќе заврши кварталот, кога ќе се види во каква состоба е буџетот и со нов негов ребаланс би се зголемиле коефициентите за здравствените работници. Има разбирање дека доколку овие позитивни трендови од овие два последни месеци во однос на македонската економија и буџетот продолжат завршно со првиот квартал веднаш ќе се пристапи што може од тој буџет, тие приходи повторно да се внесе во платата на здравствените работници и другите вработени во Клиничкиот центар, рече д-р Беговиќ.

Тој појаси дека премиерот на средбата им укажал дека буџетот е изгласан во Собранието, дека има големо разбирање за здравствениот персонал и дека тоа што го ветиле во програмата сака и се надева дека до крајот на 2020 година ќе го реализираат.

– Разгледуваме можности. Дадовме и ние понуди. Заедно со министерот за здравство и со Министерството за финансии ги разгледуваме дали има можност да се најде решение оваа состојба на персоналот на Клинички да се смири, нагласи Беговиќ.

Поврзани новости