Здравствените работници не се прибрани дома, изложени на голем ризик, за да го спасат секој живот, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека повеќето клиники и инфективни одделенија имаат поддршка од дополнителен медицински персонал.

„Овој наплив во болниците мора да се издржи. Првата порака сакам да ја испратам до здравствените работници, знам дека се изморени. Ќе се мобилизираат сите ресурси. На граѓаните сакам да им порачам само едно нешто денес. Здравствените работници не се прибрани дома, изложени на голем ризик, долги смени, со цел да го спасат секој живот. А, секој може тоа да го прави со следење на трите препораки, маска, дистанца и миење раце. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат – истакна Филипче.

 

Поврзани новости