Здравствените работници на протест: „Со тапкање по рамо не се поминува месецот“

by Fokus

Здравствените работници денеска на протест пред Министерството за здравство бараат повисоки плати и подобри услови за работа.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово, пред Работничкиот дом (ССМ), го почна најавениот протест за неселективно вработување, усогласување на платата согласно Законот за минимална плата …

– Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада, изјави Љубиша Каранфиловски.

Протестот под мотото „Здравството на протест за плата“, од Работничкиот дом продолжи кон Министерството за здравство.

„Со тапкање по рамо, и со благодарам, не се поминува месецот“, се жалат здравствените работници.

Поврзани новости