ДИК на денешната седница вршеше избор на нови членови на местата на оние лица кои барале изземање од ОИК или од избирачките одбори.
До ДИК има пристигнато голем број барања за изземање од здравствените работници кои ќе бидат ангажирани на 13 јули за гласањето на лицата со Ковид и во самоизолација. Во овие посебни избирачки одбори се избрани 300 здравствени работници. Имало 80 оправдани барања за изземање и 20 неоправдани.
Членот на ДИК, Елизабета Постолоска, од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ги замолува здравствените работници на разбирање, додавајќи дека сите сме свесни колку се тие на удар и ангажирани последниве месеци поради пандемијата со Ковид-19.
-Ако продолжиме со ваков интензитет на изземање ние нема да можеме да формираме избирачки одбори, рече Постолоска.