За десет отсто да се зголемат платите на вработените во здравствената администрација и на помошно-техничките лица во јавните здравствени установи, кои не се некоја голема ставка и трошок за зголемување, бидејќи административците во здравството не дежураат. Сега се создадени услови за зголемување на платите, буџетите се формирани, добро се направени, перспективни се и вклучуваат нови вработувања и зголемување на платите. Ако не се исполнат нашите барања ќе побараме од синдикатите овој протест да се претвори во генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации.
Ова денеска го изјави Лела Јеремиќ од Психијатриската болница во Скопје на протестот на здравствената администрација и помошно-техничкииот пероснал на јавните здравствени установи, што се одржа пред Министерството за здравство.
Таа посочи дека се организираат да поднесат тужби доколку биде потпишан анексот на Колективниот договор и ќе поведат иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост. Сите правни мерки, потенцира таа, ќе ги примениме за да успееме во нашите барања, а тие се основни права што ние ги заслужуваме по основ на работен однос, а тоа е право да не бидеме дискриминирани, односно право да бидеме третирани еднакво со другите вработени.
– Не се исполнети нашите барања иако имавме преговори кои мислевме дека ќе се решат позитивно. Во многу чекори се согласивме и ги убедивме и министерствата за информатичко општество и администрација и за здравство дека нашата здравствена администрација е посебна во задачите што ги извршува, но се изненадивме со последната изјава на министерот за здравство дека таа нема да биде вклучена во зголемувањето на платите и со потпишувањето на анексот на договорот нема да внесена во Колективниот договор. Им благодариме на сите синдикати кои дадоа поддршка и очекуваме да не ги потпишат анексите на Колективен договор додека не се зголеми платата на сите вработени. Очекуваме дека ако не се исполнат нашите барања дека тие ќе организираат генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации, рече Јеремиќ.
Нашите црвени линии, појасни, се десет отсто зголемување на платите, бидејќи неколку пати се зголемуваа платите на здравствениот персонал, на соработниците и на помошно – техничкиот персонал еднаш им се зголеми платата, без ние да бидеме вклучени, но сега и тие не се вклучени. Според неа, само со десет отсто зголемување на платата, тие би ја оствариле исплатата по систем на образование, а во спротивно вработените со средна стручна спрема, сестри и друг персонал ќе земаат повеќе плата од правници, економисти вработени во здравствената установа.