Во соопштението од ФЗОМ се вели дека од први октомври пациентите ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација лична карта или пасош.
До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на + осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.
Лекарите велат дека забуната настанала кога пред една недела Фондот за здравство им наредил на лекарите лековите кои ги издаваат да ги впишуваат и во здравствена книшка на пациентот во картонот, во електронскиот систем Мој термин и хартиен дневник што е губење време од прегледот на пациентот.