Два нови случаи на корона вирус се регистрирани во Кавадарци, потврдуваат од Центар за јавно здравје. Се работи за сопругата на лекарот специјалист, кој вчера беше регистриран како позитивен на вирусот, која исто така е лекар, интернист. Таа е на возраст од 55 години и моментално е на домашно лекување, без симптоми.
Позитивна е и медицинска сестра на возраст од 58 години, која сега е сместена на Инфективното одделение во Велес, откако пројавила симптоми. Се утврдуваат нивните контакти.
Со новите случаи, бројот на активни во Кавадарци изнесува шест лица, од кои четири се здравствени работници, односно два лекари и две медицински сестри, едно лице на возраст од 85 години, регистрирано пред пет дена, и жена на возраст од 65 години, регистрирана како позитивна пред 17 дена.
Вики Клинчарова