Нови 24 заразени од Ковид 19 се регистрирани во Куманово, информираа денеска од министерството за здравство. Од Центарот за јавно здравје во Куманово, пак потврдија дека од нив 15 се од Куманово и 9 во Липково.
„Меѓу новозаболените имаме здравствени работници и вработени во државни институции. Три медицински сестри и еден вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопје, четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор. Новите случаи во липковско се главно од познати кластери. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита коишто ги препорачува Владата “, велат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Во Липковско новозаболените се од селата: Слупчане-2, Липково-2, Матејче-2, Лојане и Ваксинце по еден. Во Куманово има 46 активни случаи со коронавирус, во Липково 156 и еден во Старо Нагоричане.