Преставници на Студентскиот пленум денеска се сретнаа со министерката за образование Рената Дескоска, на чија средба се разговараше студентите да земат активно учество во реформите во високото образование.
Деа Здравковска од Студентскиот пленум потенцираше дека после три години борба, конечно некој од Министерството ги викнал на средба.
– Најголем проблем е студентското организирање и нефункционалноста на студентските правобранители. Ќе ја мотивираме самата министерка да работи во тој процес. Сакам да потсетам дека Студентски пленум не се формираше за да ја бутне претходната власт, туку да ја критикува секоја онаа што носи непросмислени и лоши реформи кои немаат позадина во областа на образованието. Затоа, ќе ја потсетуваме новата министерка дека ние сме тука кога ќе направи некој лош чекор – истакна Здравковска.