По шест години пауза, популарниот музичар Здравко Чолиќ (73) повторно ќе одржи концерт во Скопје, во Арена Борис Трајковски.
За само една недела откако го најави концертот кој ќе се одржи на 18-ти март 2025 година, се распродале влезниците, па сега е закажан уште еден, кој ќе се одржи наредната вечер, односно на 19-ти март.
Во Скопје тој ќе ги изведе своите најголеми хитови со симфониски оркестар од 50 музичари, во чиј состав се членови на Биг Бенд од Нови Сад и оркестарот на Операта на Српскиот народен театар.
Диригентот Федор Вртачник ги подготвил новите аранжмани на песните на Чолиќ.
Кога во јуни 2019 година Здравко Чолиќ одржа концерт во Скопје, поради големиот интерес за настанот беше воведен посебен режим на сообраќајот, и тоа во рок од пет часа, односно два часа пред почеток на концертот и еден час по завршувањето, со цел да се избегне метеж.
Тогаш влезниците за настанот се продаваа по цена од 300 денари, додека за концертите најавени во март 2025 година, истите се со цени од 1.500 до 4.000 денари.
Вики Клинчарова