„Здравје пред профит“ ја продолжува акцијата „Шанса за Центар“: Бараме планови кои го почитуваат јавниот интерес

by Fokus

„Во каков град сакаме да живееме“, е пораката која може да се прочита на повеќе билборди низ Скопје, кои се поставени во рамки на акцијата Шанса за Центар, Шанса за Скопје која пред две години ја покрена Здружението на граѓани „Здравје пред профит“ заедно со Институтот за комуникациски студии.Ова е еден од начините на кој граѓанските активисти го креваат гласот против изградбата на висококатниците кај „Холидеј ин“ и ја нагласуваат потребата од усогласување на Деталните урбанистички планови (ДУП) со Генералниот урбанистички план (ГУП).

-Поставувањето на билбордите е продолжение на акцијата Шанса за Центар, Шанса за Скопје што ја покренавме во 2019 заедно со Институтот за комуникациски студии. Тогаш локацијата кај ’Холидеј Ин‘ беше само повод, но Шанса за Центар, Шанса за Скопје е потсетник за сите неусогласени планови на територијата на општина Центар за кои локалната власт и институциите на државата ветија дека ќе ги усогласат и коригираат. Во историјата на Скопје ќе остане запишано кој можел, а не го спречил урбаниот хаос што беше наследен од претходната власт, велат од Здружението.

Потсетуваат дека пред локалните избори во 2017 година, актуелната локална власт ветила дека ќе се зафати со средување на урбаниот хаос и ќе ги коригира плановите, но четири години подоцна, како локалната така и институциите од централната власт, не го исполнија ветувањето.

-Ние како граѓанско здружение ќе се бориме за Скопје да добие шанса да биде модерен град со висок квалитет на живот во него. Бараме и инсистираме идните планови да се изработуваат со сеопфатни анализи на податоци, со почит кон јавниот интерес, по мерка на жителите, а не по желбите на инвеститорите. Граѓаните на Центар памтат и нема да дозволат повторно да бидат излажани ниту изманипулирани“, велат од „Здравје пред профит“.

 

 

Поврзани новости