Постојано излегуваат нови грешки во учебниците за основно и средно образование, а старите не се корегираат. Последна од низата е грешка во Букварот за прво одделение каде авторот веќе ја решил задачата со дополнување на дадените поими и зборови. Празното место е вишок, бидејќи под поимот за молив, авторот веќе го напишал зборот.
Неодамна родители на учениците открија грешки и во Учебникот по историја и општество за петто одделени. На учениците им е дадено да учат дека Албанија е источен сосед на Македонија и дека највисокиот врв на планетата Монт Еверест е висок 29.305 метри.
Издавач на овие учебници е Министерството за образование и наука. Дел од учебниците се уште не се отпечатени иако за три месеци завршува учебната година. Министерот, Јетон Шаќири, овие денови изјави дека недостасуваат пари за учебници, на што ВМРО-ДПМНЕ праша како е возможно тоа кога Министерството располага со буџет од 450 милиони евра.