„Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе снема пари во вашиот банкомат.“ Зоран Божиновски со овие зборови и се обрати на судијката по што беше казнет со 2.000 евра за непочитување на Судот и непримерно однесување.
Претходно , таа го опомена откако Божиновски рече дека судот го смета за злосторничко здружување, а дека таа е претставник на злосторничко здружување, кое е предводено од Никола Груевски.
Во својата одбрана, Божиновски рече:
-ДПМНЕ ме лови во две фази. Првата е од 1999 до 2002 година, по нивниот пораз на изборите кога нивното раководство нарача и изврши атентат врз мене во Куманово, кој го преживеав со тешки телесни повреди. Втората фаза е во јули 2006 година кога се вратија на власт и се обидоа да ме купат, но безуспешно. Сите обвинети во „Шпион“ сме следени од 2012 до 2013 година.