Заразена и работничка во чевларска фабрика во Штип

by Frosina Fakova

Работничка во чевларска фабрика во Штип се заразила со Ковид-19. Овој случај е регистриран денеска, па од оваа фабрика во самоизолација заминуваат уште тројца вработени, со кои имала контакт.

Текстилната конфекција пак каде деновиве се регистрираа заразени со вирусот, а денеска се регистрирани уште неколку работници, се затвора на седум дена.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој раководи со кризниот штаб вели дека утринава имал разговор со сопственикот на конфекција, кој му соопштил дека за да не се шири заразата меѓу вработените, донел одлука процесот на производство да мирува.

Во Штип во моментов во изолација има вкупно 450 лица, а оваа бројка деновиве почнува да се намалува.

Поврзани новости