Завршува акцијата за бесплатно чипирање на миленици, следната година ќе се наплаќа и казнува

by Фокус

Ветеринарната комора, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици, која завршува на крајот на годинава, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од таму, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици, од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Поврзани новости