Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре

by irena 15:08
15:08

За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки.

Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета дека обвинението против Билјана Петровска Мантева комплетно ќе падне, а се однесува на оддавање службена тајна.

– Во конкретниот случај станува збор за еден документ којшто на 18.09.2024 година, преку „Вацап“ (WhatsApp) – комуникација од нејзина страна е препратено до директорот на подружница ТЕЦ Неготино. Меѓутоа, со денешната мејл комуникација и со денешниот документ што се доставува се докажува тотално спротивното. Значи, директорот на ТЕЦ Неготино, 41 ден претходно, ист документ или со слична содржина, а којшто се однесува на комплетната набавка на мазут за периодот од ’21-ва и ’23-та година, веќе имал во рака документ по којшто постапувал, и тоа не само како директор на подружница ТЕЦ Неготино, по таквиот документ постапувале и останатите подружници во составот на АД ЕСМ во државна сопственост Скопје – рече адвокатката.

Беше прашана за колку подружници се работи и за колку време претходно.

​ – Сметам дека истата мејл комуникација ја имале 14 лица од три подружници. Сите во составот на АД ЕСМ. Што значи дека поголем број лица го знаеле документот, не претставувал апсолутно никаква службена тајна, не бил класифициран, не бил заштитен, во спротивно подружниците постапувале со комплетните материјални докази и нивната достава во ОЈО за ГОК за поведување на нивната дополнителна предистражна и истражна постапка во врска со мазутот – одговори Фундуки на новинарско прашање по денешното рочиште.

Слични вести