644
Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година влегува во завршна фаза со изнесување на завршни зборови од обвинителството и одбраната.
На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје прв завршен збор треба да даде Обвинителството.
Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.
Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.
Првото рочиште за предметот се одржа на 12 декември 2016 година.