Коалицијата „Сите за правично судење” денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи завршната конференција што ја организира во рамки на Годишната програма за работа за 2022 година.
Од Здружението велат дека во рамки на овој проект е спроведен мониторинг на седниците на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на РСМ.
-Во рамките на оваа програма во текот на изминатите месеци беа спроведени повеќе активности, вклучително и мониторинг на закажаните јавни седници на Советот на јавните обвинители, како и Судскиот совет на Република Северна Македонија, врз основа на што е спроведено и истражување по однос на правилната имплементација на мерит системот на заслуги за именување, унапредување, разрешување и дисциплински санкции на судии и јавни обвинители, информираат од Здружението
Оттаму велат дека во изминатиот период исто така е спроведен и мониторинг на судски постапки со посебен фокус на процесите од областа на организираниот криминал и корипција по што на оваа завршна конференција ќе бидат презентирани и тие податоци.