Одиграни се првите два натпревари од новата ЛШ, во кои нема повеќе групи, туку сите 36 екипи играат во една лига.
Честа да отворат нов систем на натпреварување ја имаа Јувентус и ПСВ односно Јанг Бојс и Астон Вила, а двата меча завршија со убедливи победи.
Јувентус го победи ПСВ со 3:0. Кенан Јилдиз го доведе тимот на Тиаго Мота во водство со прекрасниот гол во 21. минута, а Вестон Мекени само шест минути подоцна зголеми на 2:0.
Николас Гонзалес во 52. минута погоди за 3:0, а Исмаел Саибари го ублажи холандскиот пораз во судиското надополнување.
Астон Вила победи на гостински терен во главниот град на Швајцарија со 3:0.
Јури Тилеманс стартуваше за Јанг Бојс во 27. минута, а Џејкоб Ремзи 11 минути подоцна погоди за 2:0.
Стрелец на конечниот гол беше Амаду Онана во 86. минута.