Заложничката криза во ноќниот клуб во источниот холандски град Еде заврши кога полицијата уапси маж откако го напуштил клубот.
„Последниот заложник штотуку е ослободен. Едно лице е уапсено“, се вели во полициското соопштение.
„Во моментов не можеме да дадеме повеќе информации“ велат од полицијата.
Новинарите кои биле на лице место велат дека мажот излегол од ноќниот клуб со рацете во воздух и дека полицијата го сместила во возило.
На местото на настанот, зграда во центарот на градот Еде, се распоредени специјални полициски сили за да се реши заложничката ситуација, објави полицијата на социјалните мрежи.
Таа претходно изјави дека нема индикации за терористички мотив.
Вооружен маж денеска зел неколку заложници и се заканил дека ќе активира бомба, јавуваат медиумите.