0
Со традиционалното василичарско оро насред село и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал.
Двете василичарски друштва Горна и Долна маала ги посетија сите куќи чиј домаќин го носи името на Свети Василиј. Потоа, според преданијата, симболично го избркаа злото и со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар.
Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејувајќи ги општествените и политички случувања минатата година, а на удар секогаш се и носителите на јавни и политички функции.