Заврши тридневната Балканската школа за педијатри во Скопје

by Fokus 22:45
22:45

Над седумдесет професор и лекари од Македонија, Австрија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора и Турција, беа дел од тридневната Балканска школа за педијатри која се одржа во Скопје, во организација на Здружението на педијатрите во Македонија.

Во рамки на школата од 12-ти септември до денеска, стручни предавања и излагања имаа повеќе лекари – педијатри, медицински сестри, како и професионалните физиотерапевти.

- Advertisements -

Тие ги презентираа новините во превенцијата, дијагностиката, третирањето и заздравувањето, односно целосниот процес на лечење и закрепнување на пациентите опфаќајќи превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација.

Целта на школата, како што информираат организаторите, е да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Поврзани новости