Заврши тричасовната средба во Белорусија, кој преговараше во име на Украина и Русија?

by Фокус

После 3 часа, завршија преговорите помеѓу Украина и Русија, кои се водеа во Белорусија, известија светските медиуми. Се уште не е соопштено дали и што е постигнато во тие преговори.

Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, каде делегациите беа пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност! – рече Мекеј, пренесува.

Дел од медиумите информираат дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.

Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, пак, е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на слугата на народот Давид Арахами, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.

Додека руската делегација беше во одела, пантолони и вратоврски, Украинците кај Гомел пристигнаа во поопуштено издание. Лидерот на партијата „Слуга на народот“, Арахами се појави во маичка со кратки ракави и спортско капче. До него седеше министерот  Режњиков во зелен џепмер, додека советникот на претседателот Зеленски се решил за црн стајлинг. Само двајца членови на украинскиот тим за преговори седнаа на преговарачка маса во одела.

 

Поврзани новости