Заврши средбата во Тирана, Таравари вели била како новогодишна вечера

by fokus

Заврши средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од Македонија со премиерот на Алабанија, Еди Рама.

По средбата, претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари рече дека состанокот повеќе наликувал на вечера за почеток на новата година, пренесе ТВ 21.

Додаде дека разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и оти го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека сите се за уставни измени.

 

Поврзани новости