Заврши спасувачката акција во урнатините во Бејрут

by Fokus

Спасувачките екипи кои ги пребаруваа урнатините во Бејрут по силната експлозија од минатиот месец, тврдат дека нема повеќе знаци на живот и дека никој повеќе не може да биде спасен.

Уред со сензори открил можни знаци на живот во четвртокот, но спасувачите не го пронашле изворот откако отстраниле 95 отсто од урнатините, пишува Би-Би-Си.

Околу 50 волонтери, вклучително и тим од Чиле, работеа на локацијата.
Откако уредот открил потенцијални знаци на живот, луѓето се собрале, очекувајќи да се случи чудо и да се најде преживеан. Сигналот доаѓал од длабочина од три метри.

Напорите на спасувачките екипи сега ќе бидат насочени кон пронаоѓање на посмртните останки на жртвите.

Бејрут беше уништен од експлозија од 2.750 тони амониум нитрат во август.

Во експлозијата загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.

Поврзани новости