Неколку илјади Срби од северот на Косово се собраа во центарот на Митровица, бидејќи Приштина насилно ги пререгистрира возилата со регистарски таблички на РКС, поради што сите Срби ги напуштија косовските институции, пренесуваат медиумите во регионот.
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, истакна дека Србите денеска се собрале да испратат порака дека има доволно угнетување.
„Вчера ги поднесовме нашите оставки, но сега сакам јавно да ви ги вратам мандатите, вие не избравте нас, а не Приштина. Се собравме да испратиме порака дека има доволно угнетување на Србите на Косово“, нагласи Ракиќ.
Градоначалникот на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, на претпладневната средба рече дека постапките на Приштина доведоа до пропаѓање на Бриселскиот договор и дека „состојбата се влошува од ден на ден, почнувајќи од септември минатата година, со еднострани одлуки“, и дека така продолжува од месец во месец.
„Народот се засити и побара од нас да преземеме одговорност“, рече тој.
Претходно, косовската полиција повика граѓаните мирно да протестираат, додавајќи дека постои оперативен план доколку на протестот дојде до инциденти.
Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите.