615
Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи во ноември минатата година, со што истрагата е при крај.
Собрани се огромен број докази неопходни за расветлување на објективната вистина. Ова го истакна портпаролката на главниот бугарски обвинител, Сијка Милева за БТА.
– Останува да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка – додаде Милева.