471
Детската градинката „Олга Мицеска” во Кичево е меѓу првите во земјава што успеа да го заврши тестирањето за корона вирусот на сите 63 вработени кои работат во трите нејзини објекти и сите вработени се негативни на тестирањето, информира директорот Садик Ахмети.
Извршена е и целосна дезинфекција на објектите, како и набавка на средства за одржување на хигиената во градинката.
Ахмети додаде дека кога и да одлучат надлежните да се отвори градинката, тие се целосно подготвени да ги примамат децата во установата.