800
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо нема да се пресели во Наполи, објави „Газета дело Спорт“.
И покрај интересот на „наполитанците“, агентот на 37-годишниот Португалец, Жорге Мендеш не успеа да издејствува конкретна понуда за трансфер на напаѓачот.
Вчера тренерот Тен Хег објави дека Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед најмалку до јануари.
Португалецот оваа сезона учествуваше на четири натпревари за Манчестер јунајтед во Премиер лигата и не успеа да постигне гол ниту асистенција.
Договорот на Роналдо со клубот е до 30 јуни 2023 година.