Заврши расправата за тужбите на СДСМ

by fokus

Управниот суд ја заврши јавната седница на која се расправаше за двете тужби кои ги поднесе СДСМ, пренесе Телма. Партијата ги поднесе тужбите поради тоа што ДИК ги отфрли нивните приговори за две избирачки места во Тетово и во Теарце.

Без расправа, судиите-известители ги прочитале тужбите по што судскиот совет се повлекол да одлучи за нив.

Одлуката за овие две тужби ќе биде објавена најдоцна до утре до 19:00 часот. Засега не се закажани седници за другите тужби поднесени до судот.

До Судот се стигнати вкупно 5 тужби, една од ВМРО-ДПМНЕ и 4 од СДСМ.

Поврзани новости