Во Собранието вечерва заврши расправата за разрешување на замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование. Седницата ќе продолжи утре во 14 часот. На дневен ред на оваа седница е и изборот на нови заменици министри.
Во вечерашното продолжение на 104. седница зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Рашела Мизрахи му порача на премиерот Димитар Ковачевски дека по владеењето на СДСМ ќе има системска, финансиска и општествена одговорност. Мизрахи рече дека во државата се случува тотален колапс во сите сфери.
Пратеничката потсети дека Ковачевски редовно го посетувал штабот на ВМРО-ДПМНЕ и праша дали тој ја заменил реториката „ако не можеш да ги победиш, тогаш приклучи им се“ само за да е блиску до власт без разлика која и да е.