Викендов на сцената на Долни Сарај во Охрид се одржа 29-то издание на Охрид Фест – Охридски трубадури.
Првата вечер се пееа фолк нумери, додека втората беше беше интернационална и настапија голем број на регионални поп музичари.
Во фолк вечерта првото место до жири го освои Наум Петрески, а пак прво место од публика освои неговата сопруга Зуица Лазова.
На интернационалната вечер првата награда од жири ја доби Expose за песната “This love will last forever”.
Второто место го освои Александар Јосифовски за дуетот со Белма, а трета награда доби Моника Кнезовиќ.
Се доделија и награди за најдобар текст, за интерпретација, аранжман, дебитант…
Фестивалот помина во добро расположение и со убави дружби и весело расположение помеѓу учесниците. Директен пренос вршеше МТВ.
Организатор на музичкиот фестивал е композиторот Григор Копров, и традиционално на сцената секоја година покрај докажаните музички имиња, шанса за промоција и поддршка добиваат и дебитантите на нашата сцена.
Вики Клинчарова