530
Заврши двочасовната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, која се одржа во претседателската вила на Водно со посредство на Стево Пендаровски.
Засега, не се соопштуваат детали како поминала средбата, ниту ќе има изјави пред новинарите, туку се најавува дека јавноста ќе биде информирана преку соопштение од претседателскиот кабинет.
Според неофицијалните информации, треба да се одржи нова лидерска средба до истекот на вонредната состојба, во обид за постигнување на договор за датум за избори.