Заврши кризната состојба за заштита од илегална миграција, Собранието не стигна да ја продолжи

by Fokus

Синоќа на полноќ заврши кризната соостојба на јужната и на северната граница, која веќе неколку години се продолжува, поради состојбата со мигрантите, а во последниот период и поради здравствените ризици што ги носи илегалната миграција, со оглед на пандемијата на ковид-19.

Собранието до вчера не успеа да ја донесе одлуката за продолжување на вонредната состојба, за периодот од 1 април до 30 септември годинава.

Информирајќи за тоа дека не е постигнат договор за ставање во процедура на измените на Законот за попис, од кабинетот на спикерот Талат Џафери соопштија дека не е постигнат договор меѓу политичките партии ниту за гласање на предлог-одлуката за продолжување на рокот на кризната состојба, по предлог на Владата и по препорака на Управувачкиот комитет за кризи.

Предлог-одлуката за кризната состојба е една од точките што со амандмани ги блокира коалицијата Алијанса/Алтернатива во парламентот.

Поврзани новости