Шефот на авиокомпанијата „Рајанер“ Мајкл О`Лари изјави дека комапнијата нема повеќе да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата, пренесе Би-би-си. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионска карта порасна за отприлика 40 евра и во следните најмалку пет години ќе чини 50 евра. Сепак О`Лари верува дека луѓето ќе продолжат да летаат покрај високите цени.
Како што авионските карти последните децении стануваа поевтини, бројот на летови порасна, а се повеќе луѓе заминуваат на куси одмори во странство. Авиопревозниците како „Рајанер“, „Исиџет“, „Вуелинг“, „Виз ер“ се натпреваруваат во понудата на евтини услуги без дополнителни трошоци.
Комерцијалните летови сега чинат околу 2,4% од глобалните меисии на CO2, а секторот се соочува со притисок да го намали своето влијание врз климата, вклучувајќи и кампањи за уверување на луѓето да преминат на железнички и патен сообраќај.
Но, О`Лари вели дека патниот сообраќај и бродскиот сообраќај повеќе придонесуваат за исфрлање емисии CO2 и додава дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот сообраќај е погрешен.
Во првите шест месеци од 2022 година „Рајанер“ откажа 0,3% од летовите, во споредба со вкупно 3,5% на „Бритиш ервејс“ и 2,8% на „Изиџет“, покажува истражувањето на консултантската куќа за воздушни патувања OAG.
О`Лари вели дека има многу малку разбирање за аеродромите додавајќи дека распоредите се знаат со месеци однапред и дека на персоналот за безбедонст, кој е одговорност на аеродромите, им треба помалку обука отколку на пилотите.
Го обвини аеродромот „Хитроу“, кој го ограничи бројот на патници кои соаѓаат во текот на летото, за лошо управување. Рече дека се надева оти проблемите во британските аеродроми ќе бидат решени до следното лето, но и дека Брегзит ќе продолжи да ствара предизвици при вработување персонал.