Заврши дводневната средба на Историската комисија, следната е наскоро

by Fokus

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводневната средба Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија што заврши денеска во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата.

– Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, се наведува во соопштението.

Поврзани новости