Заврши боледувањето на Лукровски, се враќа на работното место во Општина Карпош

by irena 09:52
09:52

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се враќа на своето работно место и повторно ќе ги преземе градоначалничките надлежности.

Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски.

Неговото враќање става крај на шпекулациите што се појавија во јавноста за можноста Лукровски да се повлече од функцијата, што ќе значеше и распишување предвремени локални избори во Карпош.

Премиерот претходно ги отфрли ваквите наводи, истакнувајќи дека нема основа за такво сценарио и дека станува збор за неосновани шпекулации.

Слични вести