Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Прифатени се осум амандмани на ребалансот на Буџетот, од вкупно 222 колку што беа поднесени. Меѓу прифатените амандмани има и неколку поднесени од опозицијата.
Во тек е седницата на Законодавно-правната комисија која го разгледува ребалансот и прифатените амандмани, по што повторно ребалансот на Буџетот треба да се врати на Комисијата за финансирање на верификација. Потоа Собранието го враќа назад предложениот ребаланс на Буџетот до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани и да го врати текстот во Собранието.
Се очекува ребалансот на Буџетот да биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 22 јули. Дебатата за него е предвидено да трае пет дена.