Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е завршена приказната со Хашките случаи.
На новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи, Џафери со кус одговор.
-Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, пред десетина дена, во писмо до македонската влада, побара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал кон домашните судови.
Мијатовиќ наведува дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество.
Продолжување на постапката за овие предмети, минатата недела побара и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов
Станува збор за случаите „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.