51
Затворските полицајци во прилепскиот затвор денеска излегоа на мирен протест поради, како што велат, лошите услови во затворот. Во исто време, 104 затвореници гласаа на претседателските избори.
Во овој затвор се преместени затвореници од висок ризик од Идризово за кои, како што велат вработените, во затоворот нема соодветни услови за издржување на затворската казна и тие се загрижени за својата безбедност.
Тие веќе ургирале до Управата за извршување на санкции и разговарале со директорот на затворот за ситуацијата, но, како што велат, тој се оградил како ненадлежен за решавањето на проблемот со осудениците преместени од Идризово.