925
Здружението на новинари соопшти дека го осудува однесувањето на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари, кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
„ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, соопштија од ЗНМ.