Затворски казни за возење под дејство на алкохол и над дозволената брзина

by Фокус

Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ќе се третира како кривично дело.

Ова се предвидува со новиот член 403 од Кривичниот законик, каде практично се вметнува ново кривично дело кое ќе гласи „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Од Министерството за правда велат дека за ова ново кривично дело се предлага сторителот да се казни со парична казна или затвор од три години.

Во меѓувреме дневните билтени на МВР се полни со извештаи и информации за сообраќајни незгоди кои се направени токму од непочитувачите на овие прописи.

Измените во предложениот Кривичен законик, кој веќе е објавен на ЕНЕР, треба да бидат предмет на расправа, а донесувањето на законот се очекува да биде до крајот на годинава.

Поврзани новости